Почнува анализата за интервенциите во болниците
Дали приватните болници несовесно лекувале пациенти и вршеле непотребно интервенции? Министерството за здравство ја стартува потрагата. Комисија составена од доктори од Македонија ќе ја обезбедат документацијата а странски експерти ќе вршат истрага. Алиу бара да се прочешла лекувањето во изминатите три години...

Петнаесет члена комисија од Македонија ќе изготви прелиминарна анализа за кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции направени изминатите три години.
Наодите од анализата ќе биде објавени на веб страницата на Министерството за здравство.
„Очекувам комисијата да испорача резултати, кои се објективни и произлегуваат од максимално професионално и независно спроведен процес. Резултатите од работата ќе бидат важни од аспект на реално утврдување на состојбите и поставување цврста основа за унапредување на менаџирањето во здравството“, порача пред членовите на комисијата министерот Азир Алиу.
Податоците коишто ќе ги соберат домашните експерти ќе им помогнат на странските лекари во откривање дали болниците неосновано заработувале од маката на пациентите.
„Министерството за здравство испрати допис до јавните здравствени установи да достават податоци за вкупниот број извршени процедури и операции за периодот јануари 2022 – август 2025 година за извршени интервентни кардиолошки процедури, како што се коронарографии и стентирања, васкуларни ангиографии и кардиохируршки/васкуларни операции“, соопштија од Здравство.
Приватните здравствени установи, почнувајќи од 15-ти септември ќе имаат обврска да го информираат ресорното министерство за сите извршени прегледи и интервенции, односно да ги евидентираат во МОЈ ТЕРМИН. За ова информираа од здравство по состанокот на министерот Алиу со кардиохирургот Сашко Кедев на кој биле разменети информации во врска со сомнежите дека се вршеле непотребни кардиолошки интервенции кај пациенти во приватните болници.
Наташа Јанчиќ-Менковски
