Регион

Димал Баша избран за претседател на косовското Собрание

26.08.2025 19:13

Клучна поддршка доби од дел од Демократската партија на Косово и Алијансата за иднината на Косово, додека „против“ беа неколку други партии...

Димал Баша е избран за претседател на косовското Собрание по 58 обиди и повеќе од четири месеци институционална криза, со 73 гласа „за“, 30 против и тројца воздржани. Клучна поддршка доби од дел од Демократската партија на Косово и Алијансата за иднината на Косово, додека „против“ беа неколку други партии.

Во својот говор, Баша ја истакна важноста на демократијата, независноста на Косово и повика на соработка, развој и заштита на територијата. Ги пофали и напредоците на северот на Косово, повикувајќи ја Србија на демократско однесување.