Во судир на два автобуси загинаа 33 лица, а над 50 се повредени
Најмалку 33 лица загинаа, а над 40 се повредени во судир на два автобуса во Египет. Трагичната несреќа се случила утринава во јужен Синај, на патот кон туристичката дестинација Шарм ел Шеик. Од египетското министерство за здравство информираат дека меѓу повредените има и деца.
За можните причини за несреќата, во изјава за египетската државна телевизија, говореше директорот на синајската агенција Набил Садик.

„Сеуште не сме сигурни за тоа кои се точните причини што ја предизвикаа несреќата. Знаеме дека двата автобуси им припаѓаат на две различни туристички здруженија. Едниот се движел од Шарм ел Шеик кон Каиро, а другиот во спротивната насока. Јасно е дека автобусите се движеле со многу голема брзина во моментот на несреќата, на 50 километри од Шарм ел Шеик. Ова е причината за големиот број агинати и повредени“, рече Набил Садик директор на Шарх ал Асат.
Најголемиот дел од жртвите се државјани на Русија, Јемен и на Саудиска Арабија.
Сообраќајните несреќи се честа појава во Египет како последница на начинот на одржувањето на патиштата, но и непочитувањето на сообраќајните правила и прописи. Дури 13 000 лица ги загубија животите во сообраќајните несреќи низ Египет минатата година.
Марија Котовска