Зеленски: Путин се обидува да избегне преговори
Според Зеленски, Путин сè уште се обидува да ги избегне преговорите. Во меѓувреме Киев призна дека силите на Москва влегла во клучниот регион Днепар, а напредувањето е прв напад од голем обем во индустриска провинција...

Украина ќе биде што е можно поподготвена за разговори со Русија за завршување на војната, уверува украинскиот претседател. Според Зеленски, Путин сè уште се обидува да ги избегне преговорите. Во меѓувреме Киев призна дека силите на Москва влегла во клучниот регион Днепар, а напредувањето е прв напад од голем обем во индустриска провинција.
„Оваа недела ќе има контакти со Турција, со земјите од Заливот, со земјите од Европа, кои можат да послужат како платформи за разговори со русите. Од наша страна, сè ќе биде што е можно поподготвено за да се стави крај на војната. Важно е партнерите да го потврдат ова. И во иднина, сè ќе зависи исклучиво од волјата на светските лидери – првенствено од САД – да извршат притисок врз Русија“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Највисокиот руски дипломат, лавров, изминатата недела јасно стави до знаење дека Путин нема да се сретне со Зеленски сè додека украинците не се согласат со некои од долгогодишните барања на Москва за прекин на конфликтот. Американскиот претседател со став, сите се преправаат.
„Не е важно што велат. Сите се преправаат. Сето тоа е глупост“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Шефот на белата куќа претходно вели дека е подготвен да воведе економски санкции врз Русија доколку претседателот Путин не се согласи на прекин на огнот.
