Блиски исток

Нетанјаху: Ќе ги ослободиме заложниците

27.08.2025 11:10

Израелскиот премиер се состана со кабинетот за безбедност, но владата соопшти дека состанокот нема да вклучува дискусија за разговори за прекин на огнот...

Илјадници демонстранти ги блокираа автопатите во Израел со барање за прекин на огнот и ослободување на заложниците што сè уште се во Газа. Израелскиот премиер се состана со кабинетот за безбедност, но владата соопшти дека состанокот нема да вклучува дискусија за разговори за прекин на огнот. Од настан организиран од советот на доселеници од Западниот брег во Ерусалим, Нетанјаху порача дека војната почна и ќе заврши во Газа.

„Ќе кажам едно, започна во газа и ќе заврши во газа. Нема да ги оставиме овие чудовишта таму, ќе ги ослободиме сите наши заложници, ќе се погрижиме газа повеќе да не претставува закана за Израел“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Војната во Појасот Газа ќе заврши за неколку недели, изјави американскиот претседател. Трамп тврди дека САД и Израел го продолжуваат притисокот врз милитантната група.Хамас држи 50 заложници, се верува дека 20 од нив сè уште се живи.