САД

Националната гарда закана за Чикако и Балтимор

27.08.2025 08:53

Гардистите во моментов парадираат низ улиците во Вашингтон, дел од нив се вооружени...

Американскиот претседател обвинува дека демократите го фаворизираат криминалот, откако силно се спротивставија на заканите за испраќање на националната во Балтимор, Чикаго, Њујорк. Гардистите во моментов парадираат низ улиците во Вашингтон, дел од нив се вооружени.

„Републиканците се партија што сака да го запре криминалот. Ние сме против криминалот. Демократите го сакаат криминалот. Не знам зошто“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Трамп изминатата недела рече дека Вашингтон е побезбеден од кога било благодарение на неговата интервенција. Првично испрати 800 гардисти во округот Колумбија за да им помогнат на федералните органи да се справат со криминалот, бездомништвото и нелегалната миграција.