Индија од денеска ќе плаќа тарифи до 50 проценти за извоз во САД
Нова казнена тарифа од дополнителни 25 проценти беше воведена како одговор на купувањето руска нафта од страна на Индија, покрај претходната тарифа од 25 проценти...

Стапува во сила одлуката на САД со која се зголемуваат тарифите за индискиот извоз до 50 проценти. Нова казнена тарифа од дополнителни 25 проценти беше воведена како одговор на купувањето руска нафта од страна на Индија, покрај претходната тарифа од 25 проценти. Најпогодените категории на производи се текстил, накит, чевли, спортска опрема, мебел и хемикалии. Одлуката за високите царини беше донесена по пет неуспешни рунди преговори меѓу тимовите на САД и Индија.
Американскиот секретар за финансии објави дека приходите од тарифите би можеле да го надминат износот од 500 милијарди американски долари на годишно ниво.
