Управниот суд треба да се произнесе по тужбата на Шеху
Шеху до судот поднесе тужба за упатството што го изгласа Комисијата за бројот на општински советници. Таа на седницата побара упатството да се донесе со консензус, повикувајќи се на одредбите од Изборниот законик...

Истекува рокот од 48 часа, Управниот суд треба да се произнесе по тужбата на членот на Државната изборна комисија од ДУИ, Дитмире Шеху. Од Управен соопштија дека отвориле предмет.
Шеху до судот поднесе тужба за упатството што го изгласа Комисијата за бројот на општински советници. Таа на седницата побара упатството да се донесе со консензус, повикувајќи се на одредбите од Изборниот законик, но сепак одлуката беше донесена со пет гласа „за“ и еден „против“.
Владината одлука произлезе од пописот во 2021-та година. Го намали бројот на советници во 14 општини.
