Почнува Евробаскет 2025

27.08.2025 09:51

На турнирот учествуваат 24 селекции поделени во четири групи, а најдобрите 16 продолжуваат во нокаут фазата.

Со дуелот Велика Британија – Литванија денеска во Тампере, Финска, стартува Европското првенство во кошарка 2025, кое ќе трае до 14 септември.

Натпреварите се играат во Тампере, Рига, Лимасол и Катовице, а домаќините автоматски обезбедија пласман. Дебитант е Кипар, додека титулата ја брани Шпанија.

На турнирот учествуваат 24 селекции поделени во четири групи, а најдобрите 16 продолжуваат во нокаут фазата.

Денес се играат уште: Чешка – Португалија, Црна Гора – Германија, Летонија – Турција, Шведска – Финска и Србија – Естонија.