Фудбал
Познати 32 учесници во Лигата на шампионите, остануваат уште четири места
27.08.2025 09:56
Бројот на учесници во новата сезона се искачи на 32, а вечер ќе се дознаат уште четирите преостанати екипи...

По реваншите од плејофот синоќа, пласман во Лигата на шампионите изборија Каират (Казахстан), Бодо-Глимт (Норвешка) и Пафос (Кипар). Така бројот на учесници во новата сезона се искачи на 32, а вечер ќе се дознаат уште четирите преостанати екипи.
Во групната фаза веќе се најдоа големите европски клубови како Реал Мадрид, Барселона, Манчестер сити, Ливерпул, Баерн Минхен и Пари Сен Жермен, заедно со останатите шампиони од најсилните лиги.
Новата сезона 2025/26 започнува на 16 септември и ќе трае до 28 јануари, по што следи нокаут фазата. Финалето ќе се одигра на 30 мај во Будимпешта.
