Сцена

Светска премиера на филмот „Мајка“ на „Венецискиот филмски фестивал“

27.08.2025 10:02

„Мајка“ е инспириран од животот на Мајка Тереза, прикажувајќи ја Каликута во 1948 година, во моментот кога таа ја носи клучната одлука да го напушти манастирот и да се посвети на сиромашните.

На 81 Меѓународен филмски фестивал во Венеција, денеска ќе се одржи светската премиера на филмот „Мајка“ (Mother) на Теона Стругар Митевска.

Филмот, како што соопштуваат од Агенцијата за филм, ќе ја има честа да ја отвори престижната програма „Хоризонти“ на фестивалот, која е посветена на најновите авторски и уметнички тенденции во светската кинематографија.

„Мајка“ е инспириран од животот на Мајка Тереза, прикажувајќи ја Каликута во 1948 година, во моментот кога таа ја носи клучната одлука да го напушти манастирот и да се посвети на сиромашните.

Филмот, се наведува во соопштението, е копродукција на Македонија, Белгија, Шведска, Данска и Босна и Херцеговина. Во главните улоги настапуваат светски познатите актерки Нуми Рапас и Силвија Хукс, заедно со Никола Ристановски, Лабина Митевска и други.

Официјалната премиера ќе се одржи денеска во 16:00 часот во Sala Darsena, во рамките на Фестивалот во Венеција.