Македонија е домаќин на првото издание на Ракометниот регионален турнир

27.08.2025 10:21

Турнирот се одржува со поддршка на Министерството за спорт, а е во организација на РФМ.

Во организација на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), од 28 до 30 август, спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на Ракометен регионален турнир - Спортско обединување на регионот.

Турнирот се одржува со поддршка на Министерството за спорт, а е во организација на РФМ.

Горди сме што Македонија е домаќин на првото издание на Ракометен регионален турнир. Нашата цел е преку спортот да изградиме мостови меѓу земјите од регионот, да создадеме нови можности за младите ракометари и да им понудиме на љубителите на спортот врвни натпревари. Веруваме дека оваа лига ќе прерасне во традиција и ќе биде двигател за понатамошен развој на ракометот во регионот, соопшти РФМ.

На овој турнир во машка конкуренција ќе настапат РК Еурофарм Пелистер, РК Вардар 1961, РК Војводина од Нови Сад и РК Ловќен од Цетиње.

Во женска конкуренција силите ќе ги одмерат ЖРК Ѓорче Петров, ЖРК Металург, ЖРК Бор од Бор, ЖРК Будуќност од Подгорица.