Македонија

Приведени тројца осомничени за убиството во Кавадарци

27.08.2025 12:19

Според полицијата убиството се случило рано утрово на заден влез во казино. Кавадарчанецот бил физички нападнат од три лица, паднал на земја, а подоцна доктор констатирал смрт од здобиените повреди...

Полицијата соопшти дека рано утрово во Кавадарци се случило убиство. По физички напад врз сограѓанин, извршено од три помлади лица, 42-годишниот П.Т. паднал на земја. Откако екипа на Итната помош била повикана, таа констатирала смрт кај лицето, поради повреди на глава. Полицијата ги привела трите лица, кои се сомничат дека се сторители на делото.

Во кавадаречкото обвинителство на распит се шест лица и по нивното сослушување, попладне, обвинителството ќе излезе со деталите за кривично правниот настан. Телото на починатиот е дадено на обдукција, за да се откријат причините за смртта.

Ова е трето убиство оваа година во Кавадарци. Првото се случи на 20-ти јануари кога невенчан сопруг ја убил со задушување, партнерката. Второто беше на 27-ми јули кога брат уби брата по вербална расправија.

Петар Печков