„Ореше“ ќе се суди во Велес

18.12.2013 12:05

Предметот за платеното убиство во Ореше ќе се суди во Велес, така одлучи скопска Апелација.

 За овој предмет во јавноста има голем интерес,  тој е првиот судски предмет за  платено убиство и за кое на  осомничените браќата Ордан и Љупче Ѓоргиеви  два пати  им се изрекуваше казна   затвор од по 12 години, додека  на третото повторено судење,  судијата  Иле Танев, откако заштитниот сведок „Бреза“ го откри идентитетот и ја смени изјавата изрече ослободителна пресуда и за осомничените за убиство и за нарачателот  Ѓоре Петревски.  

Повторениот судски процес   ќе го води судијката Тања Милевска. Засега не се знае кој од Јавното обвинителство ќе го замени обвинителот   Ивица Ефремов,  зашто поранешниот судија  на случајот Танев  и  поранешниот истражен судија Валентин Зафиров   се осудени за случајот „Ликвидација“. До конечната пресуда тие се во притвор. Во куќен притвор за откривање на идентитетот на заштитниот  сведок е и новинарот Слободан Кежаровски.