Свет
Данското МНР го повика највисокиот американски дипломат во Копенхаген на разговор за Гренланд
27.08.2025 20:34
Според радиодифузерот, целта била да се ослабат односите на островот со Данска...

Данското МНР го повика највисокиот американски дипломат во земјата на разговори откако националниот радиодифузер објави дека најмалку три лица, Американци со врски со Трамп спроведуваат тајни операции за влијание и преземање на Гренланд. Според радиодифузерот, целта била да се ослабат односите на островот со Данска.
Во неколку јавни излагања, претседателот на САД зборуваше дека сака да го купи Гренланд, полуавтономна Данска територија на Арктикот. Данска, инаку сојузник на САД во НАТО, и Гренланд изјавија дека островот не е на продажба и ги осудија извештаите дека САД собираат разузнавачки информации.
