Македонија

Дојранското езеро без хидросистемот „Ѓавато“ ќе има сè помалку вода

27.08.2025 17:23

Немањето врнежи и неработењето на хидросистемот „Ѓавато“ предизвика последниве години континуирано да се намали нивото на водата во Дојранското езеро. Тоа предизвика и намален број посетители и послаби туристички ефекти. Кои се приоритетите и што треба да се направи за да се врати сјајот на Дојранското езеро?...

Зголемување на водостојот и подобрување на квалитетот на водата. Ова се предизвиците со кои се соочува Дојранското езеро. Вака смета градоначалникот на Дојран кој ја поздрави одлуката на Владата да се санира хидросистемот „Ѓавато“ најавувајќи дека наскоро ќе се стави и во функција новата пречистителна станица.

Ангов повика на поголема соработка меѓу централната и локалната власт кога станува збор за природните езера. За Дојранското цели 5 години чека одобрување на Студијата за валоризација на езерото и планот за менаџирање.

За да не се случи нова еко катастрофа со Дојранското езеро, минатата недела почна санација на системот „Ѓавато“. Премиерот Мицкоски кажа дека во првата фаза ќе бидат оспособени четири пумпи кои ќе го полнат Дојранското езеро.

Ване Трајков