Меѓународен ден на езерата
Климатски промени, загадување, експлоатација- бројни закани за езерата во земјава
27.08.2025 13:37
Наместо гордост, езерата денес испраќаат аларм – ако не ги заштитиме, ја губиме и иднината...

Соочени со климатските промени, загадувањето и прекумерната експлоатација – Охридското, Дојранското и Преспанското Езеро ја губат својата убавина и биолошка разновидност. На Меѓународниот ден на езерата, стручњаците потсетуваат: Охридското езеро е светско природно наследство под заштита на УНЕСКО, Преспанското е најстарото на Балканот и дом на ретки видови, а Дојранското е вистинска рибна оаза.
Наместо гордост, езерата денес испраќаат аларм – ако не ги заштитиме, ја губиме и иднината.
Соња Рилковска и Ване Трајков известуваат за предизвиците со кои се соочени водите.
