САД

Три лица загинаа во пукотница во основно училиште во Минеаполис

27.08.2025 18:52

Според полицијата меѓу жртвите е и осомничениот кој по вооружениот напад извршил самоубиство.

Три лица загинаа, а 20 се ранети во пукотница во католичко основно училиште во Минеаполис, во американската држава Минесота.

Според полицијата меѓу жртвите е и осомничениот кој по вооружениот напад извршил самоубиство.

Гувернерот на Минесота, Тим Волц, насилството го нарече „ужасно“. Мотивот за нападот сè уште се истражува.