Локални избори 2025

СДСМ: Нови 11 кандидати за градоначалници

27.08.2025 21:00

Нови 11 кандидати за градоначалници избра извршниот одбор на СДСМ на седницата којашто се оддржа попладнево...

Нови 11 кандидати за градоначалници избра извршниот одбор на СДСМ на седницата којашто се оддржа попладнево. На претстојните локални избори Оливера Ливриниќ е нивна кандидатка за градоначалничка за Бутел, Маја Хеско за Велес, Миле Атанасов за Гевгелија, Дејан Глинџарски за Делчево, Лазар Петров за Демир Капија. СДСМ на изборите довербата во Конче ќе ја бара Благој Илиев, а во Кратово со кандидатот Влатко Спировски.

Кандидати за Кривигаштани се Игор Каравиловски, за Македонски брод Ивица Стојковски, за Ранковце Даниел Крстевски и Далибор Трајковски за Старо Негоричане.

СДСМ јасно ја потврдува својата подготвеност да понуди силни, чесни, квалитетни и докажани кандидати за претстојните локални избори кои ќе работат во интерес на граѓаните и напредок на општините, се вели во соопштението испратено од СДСМ.