Брчков во Кожув, Демјуинк во МЗТ, Дејвис во Грција
Репрезентативецот Владимир Брчков потпиша договор со Кожув и го напушта Градски Парк. Довчерашниот кошаркар на Работнички, се реши да ја продолжи кариерата во екипа која што сигнализира големи амбиции за наредната сезона, во домашниот шампионат и за настапот во БИБЛ Лигата.
Во меѓувреме, шампионот МЗТ Скопје Аеродром се засили со 24 годишниот Американец Џордан Демјуинк, од кипарски Керавнос, а во Грција, во Неа Кифисиа, ќе си замине Кејд Дејвис кој што во сите три претходни сезони беше дел од бајката на МЗТ Скопје.