празник

Денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица

28.08.2025 08:06

Македонската православна црква и нејзините верници денеска, 28-ми август, го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, еден од најголемите христијански празници посветени на Богородица, која во народот е позната како Голема Богородица...

Православните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, кај народот познат и како Голема Богородица. Еден од најголемите христијански празници кога се одбележува земниот крај на Пресвета Богородица, денот кога таа се вознесе на небото и го предаде својот дух во рацете на спасителот. Затоа, верниците со голема почит и радост го празнуваат овој ден, кој е симбол на надежта за вечен живот.

Празникот е и голем соборен ден, на многу места низ земјата денеска се одржуваат црковно-народни собири, а богородичните манастири се меѓу најпосетените светилишта.