Србија

Нови инциденти на протестите во Нови Сад

28.08.2025 08:15

Пред Филозофскиот факултет во Нови Сад повторно дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, откако истече рокот што студентите во блокада му го поставија на деканот и силите на редот...

Пред Филозофскиот факултет во Нови Сад повторно дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, откако истече рокот што студентите во блокада му го поставија на деканот и силите на редот. Деканот, кој претходно ги исели студентите и го заклучи факултетот, изјави дека нивното барање било ултимативно. По повикот преку мегафон полицијата да се повлече за 10 минути, настанал хаос и бил употребен бибер спреј за растерување на толпата.

Има неколку повредени. Ескалацијата започна по одлуката на деканот да ги исели студентите кои бараат смена на управата и поширок академски дијалог.