СБ на ООН бара итна акција против гладта во Газа
Предупредија дека до септември таа може да се прошири до Деир ал-Балах и Кан Јунис, со ризик над 132.000 деца да страдаат од акутна неухранетост до јуни 2026. Побараа итен прекин на огнот и ја осудија израелската одлука за проширување на операцијата во Газа...

Сите членки на Советот за безбедност на ОН, освен САД, повикаа на итна акција против гладта во Газа. Предупредија дека до септември таа може да се прошири до Деир ал-Балах и Кан Јунис, со ризик над 132.000 деца да страдаат од акутна неухранетост до јуни 2026. Побараа итен прекин на огнот и ја осудија израелската одлука за проширување на операцијата во Газа.
„Ова е криза предизвикана од човекот. Употребата на глад како оружје во војната е јасно забранета според меѓународното хуманитарно право. Гладот во Газа мора веднаш да се запре“, изјави Тришала Симантини Персо, вршител на должноста амбасадор на Мисијата на ОН во Гвајана.
„Повикуваме на итен, безусловен и траен прекин на огнот, ослободување на сите заложници што ги држи Хамас и зголемување на хуманитарната помош во Газа. Ја отфрламе одлуката на Израел за проширување на воените операции кои неизбежно ќе ја влошат веќе ужасната хуманитарна ситуација и ќе ги загрози животите на сите цивили, вклучително и на заложниците“, изјави Ондина Блокар Дробиќ, заменик-постојан претставник на Словенија во ООН.
Израел побара ОН да го повлечат извештајот за гладта во Газа, оценувајќи го како фабрикуван и повикувајќи на итна ревизија на методологијата. Во Белата куќа, Трамп одржа состанок за повоени планови за Газа, по најавата дека војната ќе заврши за неколку недели.
