Македонија

Денеска се одбележува Денот на рударите

28.08.2025 08:37

Овој сектор, како една од најстарите во земјава, вработува илјадници работници и има значајна улога во економијата...

Во Македонија се одбележува Денот на рударите. Овој сектор, како една од најстарите во земјава, вработува илјадници работници и има значајна улога во економијата. Од синдикатите потсетуваат на тешките и ризични услови во кои секојдневно работат рударите, барајќи подобра заштита, повисоки плати и повеќе инвестиции во безбедноста. Надлежните институции пак најавуваат проекти за модернизација и унапредување на рударскиот сектор, со цел одржлив развој и зачувување на работните места.

Денот на рударите е потсетник за важноста и придонесот на овие работници, но и за потребата постојано да се подобруваат условите за нивната работа. Премиерот Мицкоски е во посета на рударско-енергетски комбинат „Битола“.