САД: ФБИ го истражува пукањето во католичкото училиште во Минеаполис во кое загинаа две деца, а 17 беа ранети
Нападот се случи на првиот училиштен ден пред почетокот на мисата, додека некои деца веќе седеле, а други сè уште влегувале во објектот...

Американското ФБИ го истражува пукањето во католичкото училиште во Минеаполис во кое загинаа две деца, а 17 беа ранети, како чин на домашен тероризам и злосторство од омраза насочено кон католиците. Полицијата го идентификуваше напаѓачот и извести дека тој досега немал криминално досие, а неговиот мотив сè уште се истражува. Нападот се случи на првиот училиштен ден пред почетокот на мисата, додека некои деца веќе седеле, а други сè уште влегувале во објектот.
„Мажот што ги застрела овие жртви и си го одзеде животот е идентификуван како 23-годишниот Робин Вестман, без претходно криминално досие. Немам информации да споделам за мотивот, освен повторно да кажам дека имало некаков манифест кој бил временски одреден за објавување на YouTube. Нашите истражители го испитуваат тоа за да го разберат мотивот“, изјави Брајан О’Хара, началник на полицијата во Минеаполис.
