ЦУК

ЦУК: 16 пожари на отворен простор, три од нив активни, три под контрола

28.08.2025 09:24

Активни пожари има во прилепско кај селото Радобил, во охридско кај Волино и во струшко кај селото Корошишта...

Според последните информации на Центарот за управување со кризи на територијата на Македонија регистрирани биле 16 пожари на отворен простор. Три активни, три под контрола и десет целосно изгаснати.

Активни пожари има во прилепско кај селото Радобил, во охридско кај Волино и во струшко кај селото Корошишта.