Температурните разлики носат здравствени проблеми
Наутро свежина, попладне топло. Големите температурни разлики сериозно влијаат врз здравјето на граѓаните. Најмногу чувствуваат оние со хронични заболувања...

Летото сè уште трае, но ноќите стануваат постудени. Големите температурни разлики во текот на денот влијаат на здравјето на дел од населението. Повозрасните и хронично болните чувствуваат тегоби од временските скокови, но велат дека знаат како да спречат влошување на здравствената состојба.
Помладите не се жалат на тегоби. Во времето уживаат и посетителите од странство.
„Од Словачка сум и за мене времето е нормално. Секојдневната температура е добра“.
Во изминатата недела, зголемен е бројот на повици до брзата помош од лица коишто се жалат на здравствени проблеми.
Докторите упатуваат на внимателност на температурните разлики, а за секоја посериозна состојба да побараат лекарска помош.
Ирина Гелевска
