Рударството тешка професија, но и задоволство
Православните христијани го слават големиот празник Пресвета Богородица, храмовите низ земјава полни со верници. 28 Август – се слави и како Ден на рударите. Работа во прашина, на многу ниски и на високи температури. Многу неизвесни секојдневија за коишто треба среќа. Сепак има млади на кои вистински предизвик им е да работат со јагленот...

Работа во прашина, на многу ниски и на високи температури. Многу неизвесни секојдневија за коишто треба среќа. Вака рударската работа ја опиша Поповски, багерист во рударско-енергетскиот комбинат во „РЕК-Битола“. Сепак, цели 25 години останал во овој сектор бидејќи професијата го усреќува.
Рударскиот поздрав е „Среќно“ кој јасно укажува на тежината на професијата.
Сепак има млади на кои вистински предизвик им е да работат со јагленот.
28 Август, Голема Богородица е ден кој традиционално се чествува меѓу рударите. По тој повод во РЕК Битола беа одликувани вработени од рударско-енергетскиот сектор со пофалници, a членови на семејствата на загинати рудари со благодарници за особен придонес во нивната дејност.
Ружица Ѓоршевска
