Влада
Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности на државниот пат А2, обиколница „Крива Паланка“
29.08.2025 08:12
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во градежни активности на државниот пат А2, обиколница „Крива Паланка“...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во градежни активности на државниот пат А2, обиколница „Крива Паланка“.
ГД „Гранит“ АД Скопје на 11 август годинава информираше дека започнуваат градежните работи за рехабилитација на државниот пат А2, обиколница Крива Паланка, поради што се воведува шестмесечен времен режим на сообраќај.
Како што информираа од владината прес-служба, предвидени се изјави за медиуми.
