ДЗС

ДЗС: Целосно е изгаснат пожарот што се ширеше кон автопатот Скопје – Тетово

29.08.2025 09:23

Во гаснењето на пожарот интервенирале територијалните противпожарни екипи од Тетово и Скопје...

Целосно е изгаснат пожарот во атарот на селото Церово во Општина Желино кој синоќа се ширеше во насока на месноста Карпалак покрај автопатот Скопје – Тетово, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Во гаснењето на пожарот интервенирале територијалните противпожарни екипи од Тетово и Скопје.

Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, во текот на вчерашниот ден целосно се изгаснати 29 пожари на отворен простор.

Тој додава дека под целосна или делумна контрола се четири активни пожари на отворен простор.

Вчера, според Центарот за управување со кризи (ЦУК), во планинските предели на територија на Општина Желино – кај селото Мерово на Сува Гора и околу селото Церово на планината Жеден беа евидентирани четири пожари кои синоќа беа ставени под контрола.