БЛИСКИ ИСТОК

Израелски напади во Јемен

29.08.2025 10:13

Нападот го потврдија министерот за одбрана Кац и израелските одбранбени сили...

Израелските воздухопловни сили извршија напад насочен кон уништување на военото и политичкото раководство на Хутите во Јемен. Нападот го потврдија министерот за одбрана Кац и израелските одбранбени сили. Жителите на главниот град контролиран од Хутите велат дека во гранатирањето погодена е област во близина на претседателскиот комплекс и зграда во јужна Сана.

Израелската одбрана ги обвини Хутите дека дејствуваат агресивно од почетокот на војната со Хамас во Газа, со цел да му наштетат на Израел и неговите сојузници.