АРГЕНТИНА

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи се соочува со нов корупциски скандал

29.08.2025 11:30

Наводно, неговата сестра и една од највлијателните личности во неговата администрација земала три проценти од секој склучен договор. Имено локалните медиуми објавија аудиоснимки од наводната шема за поткуп која била организирана преку фармацевтска компанија која барала процент за да добие владини договори...

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи се соочува со нов корупциски скандал. Наводно, неговата сестра и една од највлијателните личности во неговата администрација земала три проценти од секој склучен договор. Имено локалните медиуми објавија аудиоснимки од наводната шема за поткуп која била организирана преку фармацевтска компанија која барала процент за да добие владини договори. Според извештаите, генерирала помеѓу 500 и 800 илјади долари мито месечно, при што три проценти наводно отишле кај сестрата на претседателот која е генерален секретар на претседателството. Позицијата и беше доделена откако со декрет беше укината забраната, роднините да бидат вработени во државните институции на Аргентина.

„Овонеделната операција не е ништо повеќе од уште една точка на долгиот список на измислици и, како и сите претходни, тоа е уште една лага. Како и во сите други случаи, судовите ќе треба да го разјаснат ова, а ние повторно им стоиме на располагање, надевајќи се дека сè ќе биде разјаснето што е можно поскоро“, изјави Хавиер Милеи, претседател на Аргентина.