Подготовки на образовните институции во Тетово
Во образовните ин ституции во Тетово се вршат санирања, како подготовка за новата учебна година. Објектите се обновуваат, а во градинките се кројат планови за згрижување на сите деца, бидејќи се пријавени повеќе од расположливите капацитети.

Се обновува детската градинка кај Спортскиот центар во Тетово. Овој зафат е само дел од подготовските за новата учебна година. Санации се изведуваат и во останатите објекти од јавната установа дески градинки „Младост“.
„Имавме една инвестиција во реновирање и реконструкција на главната кујна во градинката кај Тетекс, магацинските простории и трпезаријата кои се обремени согласно ХАСАП системот“, изјави Рамије Даути, директор градинки „Младост“ воТетово.
Капацитетот на сите објекти од тетовските градинки е околу 640 деца, а до сега се пријавени 740. Затоа ќе има листа на чекање. Можност за решавање на проблемот е отворањето центри за ран детски развој и изградба на уште еден објект.
Градежни активности има и во речиси сите тетовски основни и средни училишта. Подготвени ќе го дочекаат почетокот на учебната година. Од секторот за јавни дејности велат декаобразовните институции се и финансиски стабилни.
„За оваа учебна година при кај се и јавните набавки за огревни материјали во шарпланинските села затоа што таму зимата почнува порано. И во градските училишта се во заврна фаза подготовките за јавната набавка на горива“, вели Ахмет Ќазими, раководител на Сектор за јавни дејности - Тетово.
Дел од овие активности се во рамки на општинските надлежности, но одговорните велат дека имаат и одлична соработка со ресорното министерство.
Зоран Јованоски
