Фудбал

Фенербахче му врачи отказ на Жозе Мурињо

29.08.2025 10:38

Жозе Мурињо повеќе не е тренер на Фенербахче, потврди клубот. Одлуката е донесена откако турскиот гигант не успеа да се пробие во Лигата на шампионите, по што соработката беше прекината. Фенер се збогува со португалскиот стручњак на социјалните мрежи и му се заблагодари за соработката...

Жозе Мурињо повеќе не е тренер на Фенербахче, потврди клубот. Одлуката е донесена откако турскиот гигант не успеа да се пробие во Лигата на шампионите, по што соработката беше прекината. Фенер се збогува со португалскиот стручњак на социјалните мрежи и му се заблагодари за соработката.

Мурињо пристигна во Фенербахче во јули минатата година и го водеше клубот во вкупно 62 натпревари со сооднос од 37 победи, 14 нерешени и 11 порази. Тој не успеа да освои трофеј со Фенер, заврши на второто место во турското првенство, а беше елиминиран во четвртфиналето на домашниот Куп. Минатата сезона стигна до осминафиналето во Лигата на Европа, каде во два драматични натпревари по изведувањето пенали доживеа елиминација од Глазгов Ренџерс.

Бидејќи доби отказ, значи не е постигнат спогодбен раскин на договорот, Фенербахче на Мурињо ќе мора да му исплати оштета од 15 милиони евра.

Мурињо се споменува во англиските медиуми како иден тренер на Нотингем Форест.