„Училишната кошница“ со очекувани резултати
В понеделник започнува новата учебна година, последен викенд пред старото на училишните обврски, родителите во трка по набавка на потребниот прибор, ранци, материјали. Списокот долг. Голем дел родители сметаат дека мерката „Училишна кошница“ е особено значајна за повеќедетните семејства...

В понеделник, училишното ѕвонче ќе го означи стартот на новата училишна година. Родителите пред први септември интензивно ја полнат училишната кошница со потребниот прибор за своите ученици.
Голем дел родители сметаат дека мерката е особено значајна за повеќедетните семејства.
Од моливи и тетратки па се до ранци и патики. Списокот е прилично долг, но ако економично се пазари прилично ќе се заштеди.
Цените на производите кои ги користат учениците беа вратени на нивото од 1-ви јуни и за нив се дава попуст од 10 до 15 проценти. Трговците имаа обврска навремено да ги информираат потрошувачите за малопродажните цени на артиклите со натписи „Помалку трошоци, повеќе за тебе“.
„Министерството за економија и труд, преку Државниот пазарен инспекторат ја следи примената на мерката „Училишна кошница“, која важи во периодот од 15-ти август до 15-ти септември. Државниот пазарен инспекторат спроведе во повеќе од 100 надзори како што се книжарници, маркети и трговци на големо. Според досегашните контроли, мерката генерално се почитува и не се утврдени прекршувања за кои би се изрекле казни“, соопштија од Министерството за економија и труд.
Заменик-министерот за економија и труд, Ристески очекува мерката да резултира со заштеда кај родителите од 800 до 2.000 денари“ по ученик.
Ружица Ѓоршевска
