Нови израелски напади во Појасот Газа
Густ чад над Газа, нови израелски напади и најави за проширување на офанзивта. Гладот се шири, хроничен недостиг на храна и лекови. Масовното иселување, дополнителна неизвесност за безбедни коридор и трајни пунктови за прием на помош...

Премиерот на хутската влада и други високи функционери на групата поддржана од Иран се убиени во израелскиот воздушен напад во Сана.
Одбраната на Израел ги обвини Хутите дека дејствуваат агресивно од почетокот на војната со Хамас во Газа, со цел да им наштетат на Израел и неговите сојузници.
Премиерот Нетанјаху се сретна со духовниот водач на заедницата Друзи, за првпат по судирите на 13-ти јули меѓу бедуинските племиња, Друзите и сириските безбедносни сили во јужна Сирија. Во нападите стотици загинаа, а по ескалацијата на немирите беше постигнат прекин на огнот.
„Моментално напредуваме во неколку работи-одбрана на заедницата Друзи во округот Сувајда, но не само таму, туку и во создавање демилитаризирана зона од јужните голански висорамнини до Дамаск, како и создавање хуманитарен коридор за олеснување на доставувањето помош, храна, градежни материјали, сè што е потребно, вклучително и медицинска помош, во голем обем. Овие дискусии се водат токму во овој момент“, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.
Израелската војска ги интензивираше нападите во Газа во последните денови. Силни експлозии го осветлија небо над Појасот Газа и рано утрово.
Во израелската офанзива загинаа речиси 63.000 Палестинци за време на војната, според Министерството за здравство на Газа. Милитантите предводени од Хамас киднапираа 251 лице и убија околу 1.200 луѓе, во нападот на 7 октомври 2023 година, што ја предизвика војната.
Катерина Бојаџиева
