Здравство

Пациентот со рецидив на тумор на ногата врз кој беше извршена сложената трансплантација, се опоравува

29.08.2025 13:00

Пациентот со рецидив на тумор на ногата врз кој беше извршена сложената трансплантација од страна на лекари од Клиниката за ортопедија се опоравува. Екстремитетот е спасен, операцијата е завршена со локална анестезија. Најголем предизвик велат лекарскиот тим било и обезбедување на сите материјали за успешно да се изведе сложениот оперативен зафат...

Рецидив на тумор на ногата кај 64 годишен пациент, кој зафатил и дел од коската. Тим од лекари на Клиниката за ортопедија работеле на сложената трансплантација траела шест часа. Екстремитетот е спасен, а оперативниот зафат опфаќал ресекција на средишниот дел од бутната коска и фиксација со клин, појаснува доктор Самарџиски.

Со локална анестезија, специјализираниот тим на лекари успеале да го држат пациентот под локална анестезија цели шест часа.

Најголем предизвик бил обезбедување на сите материјали за успешно извршување на сложениот оперативен зафат, вели д-р Тодорова.

Постоперативниот период и рехабилитацијата сè уште поважни, велат лекарите. Со оваа операција се поставува нова референтна точка во домашната ортопедија и се потврдува капацитетот на македонските хирурзи за изведба на интервенции од највисок степен на сложеност, велат од Министерството за здравство.

Александра Спировска