Здравство

Се утврдува методологијата и динамиката за работа на членовите на интерната комисија

29.08.2025 13:01

Се спремаат деловникот и методологијата по која стручната комисија ќе ги селектира предметите од јануари 2022 до август 2025 година за операциите на срце...

Се дефинираат обврските на сите членови во интерната комисијата, којашто треба да утврди дали без потреба на пациенти им биле правени кардиохируршки интервенции.

Се спремаат деловникот и методологијата по која стручната комисија ќе ги селектира предметите од јануари 2022 до август 2025 година за операциите на срце, извршени и во јавното и во приватното здравство.

Извештајот од сработеното ќе им помогне на странските кардиолози да утврдат дали на маката на пациентите некој остварувал профит како што обелодени кардиохирургот Сашко Кедев.