Локална самоуправа

Ресурсен центар, експерти за поддршка на општините

29.08.2025 16:20

Последни напори измените во законот за локална самоуправа да се донесат до 12-ти септември, за кога е закажана и последната седница на Собранието пред локалните избори...

Владата прави последни напори измените во законот за локална самоуправа да се донесат до 12-ти септември, за кога е закажана и последната седница на Собранието пред локалните избори. Министерот Перински прстот го впери кон СДСМ и ДУИ. Доколку новините не го поминат собранискиот филтер, новоизбраните градоначалници ќе нема можност да бидат отповикани доколку не си ја вршат функцијата за која се избрани.

Меѓу новините на локално ниво и отворањето на ресурсен центар. Ќе бидат ангажирани и експерти,  кои ќе им помагаат на локалните власти да изработуваат проекти и да аплицираат за добивање средства за развој на општината.

Проектот е продолжување и институционализација на осумгодишниот проект „одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, финансиски поддржан од владата на Швајцарија.

 

Викторија Милевска