Градот Газа - опасна борбена зона
Најголемиот град во Газа прогласен за опасна борбена зона.За Израел, ова е само почетна фаза од планираната офанзива која наиде меѓународна осуда. Додека Армија се заканува со интензивирани напади, стотици Палестинци ги напуштаат домовитe и засолништа...

Градот Газа, опасна борбена зона. За Израел ова е почетна фаза од планираната офанзива што предизвика меѓународна осуда. Пронајдени се и телата на двајца заложници, вклучувајќи го и еден Израелец кој беше убиен во нападот на 7 октомври, што ја предизвика војната. Од кабинетот на Нетанјаху соопштија дека телата се вратени во Израел.
„Ќе ги интензивираме нападите сè додека не ги вратиме сите киднапирани заложници и не го расформираме Хамас. Нападите ќе бидат проширени и насочени кон инфраструктурата на тероризмот и над и под земјата“, изјави Авичај Адрае, портпарол на израелската армија.
Израелската армија соопшти дека ги суспендирала пладневните паузи за борбите, што овозможило внесување на храна и помош од 10 до 20 часот. Промената доаѓа неколку недели откако Израел првпат објави планови за проширување на својата офанзива во градот Газа, каде што стотици илјади раселени лица се засолнуваат и трпат глад.
Во меѓувреме стотици Палестинци ги напуштаат домовите и засолништа, откако израелскиот министер за одбрана предупреди дека градот газа би можел да биде уништен.
„Ситуацијата е тешка. Не знаеме каде одиме. Ова е прв пат да одам, а не знам каде да одам. Армијата фрла летоци, гранати и експлозивни направи. Застрашувачко e“, изјави Садам ал Јажи, раселен жител.
„Бев принуден да заминам. Ова е втор пат да бидам раселен. Отидов на југ, а потоа се вратив во газа. Сега се враќам на југ поради страв“, изјави Раеда Авда, раселен жител.
Поголемиот дел од над 2 милиони жители на газа се раселени неколку пати, а територијата покриена со урнатини.
Катерина Бојаџиева
