Нема пријава од пациенти за непотребни хируршки интервенции во приватните клиники
Досега нема пријава од пациент за непотребни хируршки интервенции во приватните клиники. Комисијата што ќе скенира ќе постапува и по обие претставки. Допрва ќе се утврдува методологијата по која ќе работа и меѓународните стандарди што ќе треба да ги запазат. Здравствените власти очекуваат објективни резултати...

До овој момент не е пристигната пријава преку алатката „Пријавете неправилност“ во врска со кардиолошки или кардиохируршки интервенции“. Домашната интерна комисија, составена од врвни експерти од медицината, правото и економијата, за што беше информирана јавноста, веќе ја започна својата работа. Таа функционира според јасна методологија и меѓународно утврдени стандарди.
Надлежните очекуваат да добијат објективни и непристрасни резултати, кои подоцна ќе им помогнат на тимот на странски лекари за расветлување на случајот, се оперирале ли пациенти само за да се црпат пари од државната каса.
За кои за две години на двете приватни клиники биле оперирани речиси 5.000 пациенти, а од државната каса се одлеале 34 милиони евра. Првиот човек на ФЗОМ вели и досега инспекторите од Фондот правеле контроли, но злоупотреби не биле откриени.
Наташа Јанчиќ – Менковски
