Еден осомничен за телесна повреда при семејно насилство врз бремената сопруга
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против државјанин на Република Хрватска, кој е осомничен за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против државјанин на Република Хрватска, кој е осомничен за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО.
При вршење семејно насилство во домот во Скопје тој телесно ја повредил неговата сопруга. Најпрво почнал да ѝ се обраќа на висок тон, а потоа физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници и шлаканици по главата и телото. Потоа продолжил силно да ја притиска за вратот, иако знаел дека е во петтиот месец од бременост. Во еден момент ја зграбил и насилно ја фрлил во креветот, по што и ја удирал главата од работ на креветот. Престанал кога оштетената започнала да крвари, по што жртвата успеала да се засолни во тоалетот и да повика полиција и брза помош.
Осомничениот слушнал дека повикува помош, по што го напуштил станот. Кај оштетената била констатирани бројни повреди на главата, но и на плацентата во која е сместен плодот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, стои во соопштението.
