Македонија

Премиерот Мицкоски денеска во увид на градежни активности во Кавадарци

30.08.2025 11:36

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија ќе ја посети Општина Кавадарци...

Денеска Христијан Мицкоски претседателот на Владата на Република Северна Македонија ќе ја посети Општина Кавадарци.

Во 13:00 ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на градски базен, каде што ќе даде изјава за медиуми.

Потоа ќе го посети ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ во 13:35 часот.

Во 13:55 часот ќе изврши увид на изградба на патеката Глишиќ-Марена, како и на спортската сала во село Марена.