Рускиот хуманитарен конвој влезе во Луганск без дозвола на Киев
Три цивили изутрината загинаа во Донецк. Вооружените напади продолжија таму, но и во Луганск, градот кој што се наоѓа во исклучително тешка хиуманитарна состојба.
Неколкуте стотици илјади жители на Луганск се без вода за пиење, без електрична енергија и без достава со храна, медицинска помош и горива, а немаат ниту фиксна ниту пак мобилна комуникација.
Таму беше доставена руската хуманитарна помош од конвојот чии камиони почнаа да се враќаат назад кон границата со Русија празни.

Доставата предзвика гнев кај Западот поради тоа што конвојот влегол во Украина без дозвола од владата во Киев. Според нив, тоа претставувало нелегално влегување на украинска територија.
Москва пак го обвини Киев дека ги поставува политичките интереси пред хуманизмот, додавајќи дека тие ја направија правилната одлука кога наредија конвојот со руска помош да навлезе во зоната на конфликтот, без да чекаат дозвола од Украина.
Руските камиони доставија храна, вода, лекови, вреќи за спиење и генератори за струја кои што од изутринава се делат преку 24 те центри за дистрибуција. Дел од хуманитарсната помош можеби ќе биде испратена и во соседниот Донецки регион.
Денеска во Киев пак, пристигнува германската канцеларка Ангела Меркел, која што со државниот врв ќе разговара за начините на кои што може да се стави крај на кризата во Украина.