Образование

Училиштата подготвени за први септември

30.08.2025 14:34

Училиштата се подготвени да ги отворат вратите за новата учебна година. Зградите не се главен проблем, туку колку првачиња и ученици ќе седнат во училишните клупи. Родителите се во потрага по поевтин училишен прибор и бараат ефекти од „училишната кошничка“. А надлежните, пак, бараат промена на методологијата за блок-дотациите за превоз на учениците.

Десетте основни и петте средни училишта во Прилеп подготвено, но помалубројно ќе ја пречекаат учебната година. И годинава е евидентен намалениот број првачиња. Во просек, од 15 до 20 проценти. Останува главниот проблем со иселувањата, кој го ситни бројот на првоодделенците.

Бројот на основците и средношколците останува под 10.000.

Локалните власти бараат, а и се најавуваат промени во методологијата на блок-дотациите за превозот на учениците. Засега нема проблем.

И родителите се во трка за подготовки. Се набавува училишниот прибор. Велат, главно, има ефекти од училишната кошничка.

Новата учебна година со старите проблеми. Пак го нагласи проблемот со бројноста на учениците.

 

Елизабета Митреска