САД

Повеќето царини воведени од претседателот Трамп се незаконски, пресуди федералниот Апелационен суд

30.08.2025 19:52

Американскиот федерален Апелационен суд пресуди дека повеќето царини воведени од претседателот Трамп се незаконски, оценувајќи дека само конгресот има право да воведува тарифи...

Американскиот федерален Апелационен суд пресуди дека повеќето царини воведени од претседателот Трамп се незаконски, оценувајќи дека само конгресот има право да воведува тарифи. Одлуката е одложена до средината на октомври за да се овозможи жалба до Врховниот суд.

По тој рок, случајот ќе се врати на понискиот суд за дополнителна проценка. Случајот покренува важно правно прашање за овластувањата на претседателот во трговската политика.

Трамп ја осуди пресудата на социјалните мрежи, предупредувајќи дека укинувањето на царините „би ги уништило САД“, најави правна битка и побара Врховниот суд да му ги потврди овластувањата за еднострано воведување царини.