Временска прогноза
Променливо облачно, претпладне со локален дожд
31.08.2025 09:59
Денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со локален дожд и грмежи претежно во источните делови. Ќе дува умерен повремено засилен западен...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со локален дожд и грмежи претежно во источните делови. Ќе дува умерен повремено засилен западен, а во источните делови северозападен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, во раните претпладневни часови со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер.
