Битола

„Безбеден град“ ќе ги намали несреќите во сообраќајот

31.08.2025 14:13

Надлежните најавуваат трајно одземање на возила и поригорозни казни – за оние кои не ги почитуваат сообраќајните правила, возат без возачка дозвола или во пијана состојба. Намалување на несреќите во сообраќајот треба да донесе и проектот „Безбеден град“ кој треба да профункционира од почетокот на 2026-та, велат сообраќајните експерти. И граѓаните и очекуваат промени со кои ќе бидат побезбедни на патиштата низ земјава.

И натаму се нижат сообраќајните прекршоци, несреќи во кои и жртви. Голем процент Македонци важат за лоши учесници во сообраќајот.

Според професор Јошевски, доминантен фактор за сообраќајните незгоди е човечкиот, односно неговото однесување.

Граѓани посочија дека очекуваат промени со кои ќе бидат побезбедни на патиштата низ земјава.

Бројот на несреќните и жртвите во сообраќајот скоро идентични како лани.

„Сообраќајните незгоди на подрачјето на СВР Битола се скоро идентични како минатата година за првите седум месеци. Во 2025-та имало 365, а нешто помалку или 320 ланската година. Десет лица загинаа оваа година, а во 2024 дванаесет“, велат од СВР Битола.

Човечкиот фактот не е единствена причина за сообраќајни незгоди, посочува професор Јошевски.

Министерот за внатрешни работи Тошковски за 2026 најави измени во законот за безбедност на сообраќајот.

 

Ружица Ѓоршевска