Со стартот на мoбилната полициска станица, проблемите се намалени

23.08.2014 16:36

Преку мобилните полициски станици,директна комуникација со граѓаните,за намалување на девијантните појави. Се контролираат возилата и пеш се прави обиколка на теренот. Со полицајците во неколку села во Скопско беше и екипата на МТВ.

Утрински состанок, добивање задачи и насоки за теренот значи почеток на работниот ден на мобилната полициска станоица. По добиените задачи мобилната полициска станица на терен. Бевме со нив во Горно Соње, Света Петка и во Чифлик.

Мобилната екипа застанува на сред село, граѓаните приоѓаат разговараат со полицајците, се контролираат возилата и пеш се врши обиколка на теренот.

„Се знаеме долго време, проблеми скоро да нема.“

„Сега за сега немаме проблеми, порано имавме полицијата тоа го среди.“

„И веруваме на полицијата, ако не се тие ќе има проблеми“, велат анкетираните граѓани.

„Ние соработуваме со граѓаните и гледаме да бидеме што поблиску со нив за било што да ни се обратат на нас“, вели еден од дежурните полицајци.

И мештаните на Чифлик со пријателски однос кон полицијата велат добро е што ја има на терен проблемите се намалени.

„Задоволни сме, нема никакви проблеми, има соработка меѓу граѓаните и полицијата, некакви забелешки не сме слушнале“, вели еден граѓанин.

Работниот ден завршува со рапорт пред претпоставените во полициската станица Кисела Вода.

„Полицијата си ја завршува работата во самите населени места и не се изложуваат на трошоци и на голем пат, да поминуваат по педесетина километри, како што се одалечени селата од оваа полициска станица“, рече командирот на полициската станица Кисела Вода.

Секогаш отворени и подготвени за соработка е задачата на мобилната полициска станица.

Билјана Јанакиеска