Образование

Утре почнува новата учебна година

31.08.2025 17:32

Утре учениците се враќаат во училишните клупи. Министерката Јаневска очекува успешен старт и повисок квалитет на наставниот процес во споредба со изминатите години. Втора учебна година која започнува со учебници за сите ученици во основното и средното образование, ќе има и учебници по странски јазици.

90 проценти од учебниците се веќе дистрибуирани во училиштата, останатите ќе бидат доставени во наредните денови. Од Министерството за образование велат дека по 7 години ќе има учебници и за странските јазици, а 7 одделенците и учениците во прва година средно ќе учат и по нова програма.

Речиси 1.400 образовани асистенти ќе бидат ангажирани во основните училишта, 130 во средните.

Министерката најави дека ќе продолжува да работат на концептот учениците да имаат знаење, на тестирањата да покажуваат подобри резултати, образованиот кадар ќе биде менаџиран според потребите.

За 245.000 ученици утре ќе почне новата учебна година, од нив 17.250 за прв пат ќе седнат во училишните клупи и ќе го почнат образованиот процес.

 

Наташа Јанчиќ - Менковски